52 роденден на Факултетот за музичка уметност

Денеска му е роденден на Факултетот за музичка уметност. Слави 52 години од основањето. Свеченоста ќе биде одбележана со целовечерен концерт на најголемиот ансамбл во македонската филхармонија составен од студентите на додипломски и последипломски студии.
За овој период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3.000 студенти, меѓу кои видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои работат во државава и надвор од неа, постигнувајќи забележителни успеси во своите области.