70 години Национална галерија на Македонија

Во Даут пашин амам вечер ќе биде одбележан јубилејот – 70 години постоење на Национална галерија на Македонија. Јубилејот ќе биде одбележан со изложбата насловена како „Почетоци за паметење” 1948-1956 од архивата на Национална галерија на Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.