Балканот се тресе, на наши телевизии само балканска музика

Неделава прошетав малку по телевизиите на нашите соседи со кои бевме порано една држава. Да видам како се, што прават… И ме опфана паника. Па таму цело време зборат дека е можно пак да има војни на овие простори. Вклучам српски вести – за тоа зборуваат, вклучам босански – исто, вклучам хрватски-таа е темата – дека оружје се купува, дека големите сили го дестабилизираат Балканот…
Ја си велам, мора нешто да сум пропуштил во македонските медиуми и веднаш стискам на даљинското. Кога на една телевизија ете ти ги некои ѕвезде гранде ( може и не беше баш така, не ми замерајте) пеат се веселат, префрлам на друг канал, пак некои млади пеат турбо фолк, го покажувале талентот…
Почекав малку да дојдат термините за вести, ама и таму како песничка ни се пее веста дека НАТО од се ќе не брани.
И така си сфатив ја дека овие бившите ЈУ држави немаат појма дека Брисел и Вашингтон ни донесоа мир. Тоа е затоа шо они не гледат наши телевизии. Ја немат они таа привилегија.