„Благуна“ и Шенка Колозова во МНТ

Монодрамата „Благуна“ во изведба на Шенка Колозова македонската публика ќе може да ја види во Македонскиот народен театар, вечерва 11 и на 18 февруари, на малата сцена, со почеток во 19 часот.
Благуна е еден од многуте прекрасни ликови во романот “Разбој” од писателот Владо Малески. Токму “Разбој”, еден од најдобрите романи во нашата книжевност, беше предизвик за Колозова од главниот лик на романот да направи монодрама во која вложи многу работа и љубов.