Богдановиќ бара процедура, но и да постапи по неа

Како тргнаа комуналните инспекции да расчистуваат во Центар, сигурно е дека за дваесетина дена нема неред и ѓубре да видиме во „најубавата“ општина во Скопје. Леле… како и се пуштија на жената која продаваше две кила малини кај Буњаковец…, веднаш ред воведоа. Додуша, жената мораше да ги собира малинките една по една од асфалтот, ама тоа ти е кога решителна општинска власт, на решителни момци овластување ќе даде.
Било прегрубо однесувањето, реагираат скопјани на интернет.
Е, тоа ќе го утврдел градоначалникот деновиве. Засега само ја осуди постапката на инспекторите и им кажа во иднина да постапуваат по процедура.
Но, време е и градоначалникот Богдановиќ да постапи по процедура, кога некој не си ја знае работата и овластувањата.