Чиј е автомобилот што синоќа изгоре во Бутел?

Скопските пожарникари не можат да кренат глава од запалени автомобили по улиците и на паркинзите. По само една недела, синоќа уште еден автомобил изгоре во скопската населба Бутел, меѓу улиците „Марко Крале“ и „Зуфер Мусиќ“. Се чекаат информации за сопственикот како и дали, односно кој – го запалил.
Пред точно една седмица, изгоре возилото на сопругата на екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Миле Зечевиќ. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Зечевиќ.
Палењето автомобили личи на мафијашките концепти кога мафијата сака да остави некаква порака. За да не размислуваме филмски, неопходно е МВР да излезе со расчистени детали и да објасни дали се работи за два сосема издвоени случаи, но и што точно се случило во првиот, а што во вториот случај? И нормално, некој да биде однесен пред лицето на правдата.