Да и верувам ли на градоначалниците?

Ајде да видиме што ќе направат градоначалниците во следната година со Скопје. Ни рекоа дека градот ќе го направеле – зелен. Ајде да видиме. Сакам да им верувам. Но градоначалниците ме разубедуваат иако цело време со пропаганда ме убедуваат. Разубедувањето го прават со неработење по ова важно прашање. Насадија стотина дрвца и сега само тие ни ги покажуваат на медиумите.
Додека не насадат барем 20.000 дрва, работава нема ниту да се примети. Зелен град не се станува со 100 дрва.
Ајде да видиме дали ќе поработат и на крпењето на уличните дупки. Сакам да им верувам, но и на овоа поле се неработливи. Од дупките си ги испокршив амортизерите на колата. Една дупка ќе закрпат, пет ќе прескокнат.
Нова Година иде, нов почеток треба да пристигне. Да им верувам ли на градоначалниците дека го можат тоа?
Нада Цветкова

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.