Денеска во „Или-Или“ дружете се со наградуваниот автор Давор Стојановски

Денеска, во книжарницата „Или-Или“ во Скопје, од 12 до 14 ч. и од 17:30 до 19 ч. љубителите на книжевноста ќе бидат во можност да се дружат со наградуваниот автор Давор Стојановски. Тој ќе го потпишува најновиот роман „Утеха за голите“, како и претходните „Собирачи на пепел“ и „Ненасловена месечева соната“, кои читателите ќе можат да си ги купат со промотивни цени.
Стојановски (1987, Скопје) е писател, поет, преведувач и музичар. За новиот роман „Утеха за голите“, преведувачот и книжевниот критичар Душко Крстевски потенцираше: ” Авторот и овојпат раскажува приказна којашто е мрачна и бизарна, без притоа да ја изгуби својата хуманистичка нота во сиот хаос на современото живеење“.