Едно лице повредено во шест сообраќајки вчера

Снежната виулица вчера предизвика шест сообраќајки само во Скопје во кои еден сопатник е тешко повреден, и во моментот се наоѓа на лекување.
Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Инаку полицијата од сообраќај исклучила тројца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.
Од сообраќај се исклучени и четири нерегистрирани возила, 51 за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” се подигнати 52 возила.