„Господ постои, името и е Петрунија“ на врвот на листата на жирито во Берлин

Филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се наоѓа на врвот на листата филмови оценувана од жирито на Screen Media во Берлин. Со просечна оценка од 2,8, филмот на Митевска го дели врвот со филмот Öndög на Ванг Куанан, но се очекуваат уште два резултати, а надежта е дека ќе се искачи на самиот врв.
Инаку Screen Media за сите престижни фестивали, од рангот на Берлин, Венеција и Кан, повикува 7 најдобри новинари-филмски критичари од целиот свет кои заедно со уште еден филмски критичар од Screen International ги оценуваат филмовите на скала од 0 (многу лошо) до 4 (одлично). Годинешната жири комисија е сочинета од реномирани новинари од филмската фела од престижните медиуми Dagens Nuheter – Шведска, Frankfurter Allgemeine – Германија, Film Art – Русија, Die Zeit – Германија, The Paper – Кина, The Morning Star – Велика Британија, Segnocinema – Италија и еден филмски критичар од самиот Screen International.