Четири клупи кои веќе не можат да се наречат клупи бидејќи на нив нема речиси ниту една здрава штица за седење со месеци и месеци стојат демолирани и непоравени на кејот во близина на хотелот „Холидеј ин“. Како такви, а тоа се гледа и од нашето видео, не служат за ништо освен што ја нагрдуваат околината. Ако се поправат би биле, како што тоа е и предвидено, пристојно места за одмор на граѓаните. За да се случи тоа, можеби некогаш и градоначалникот на општина Центар треба да прошета и по овој дел од кејот…