И денеска „Брканица по моторот“ и „Пико“ во Кинотека на Македонија

Во рамки на неделата на детски хрватски филмови во Скопје, денеска ќе се репризираат филмовите емитувани на вчерашното отворање на манифестацијата. Станува збор за „Брканица по моторот“ на Бранко Мајер, кој се репризира точно на пладне, и „Пико“ на Среќко Вејганд, кој денеска децата можат да го гледаат во 20 часот.
В петок на пладне ќе игра „Син галеб“ на Бранко Бауер, а од 19 часот е „Дружината на Перо Џумката“ на Владимир Тадеј. Неговата реприза е в сабота од 12 часот, а од 19 часот ќе игра „Волк самотник“ на Обрад Глушчевиќ. Тоа е дебитантски филм на Славко Штимац, кој подоцна стана ѕвезда на југословенската кинематографија, чија кариера трае до денес, со повеќе од 60 улоги. Репризата е в понеделник од 12 часот.
Во вторник на пладне е проекцијата на „Капетан Микула Мали“ на Обрад Глушчевиќ, а циклусот завршува в среда (12 часот) со филмот „Тајната на стариот таван“ на Владимир Тадеј.