Изгоре дел од покривот во затворот во Идризовo

Дел од покривната конструкција изгорел во пожарот во затворот во Идризово кој избувнал околу 4 часот рано изутрина. Како што соопштија од Противпожарната бригада – Скопје пожарот бил ставен под контрола по едночасовната интервенција на едно возило и четворица пожарникари. Повредени нема, причинета е штета од околу 15 000 денари.