Изложба на Јелена Цветковиќ-Савиќ во Музеј на град Скопје

„Чувствување на светот“ е насловот на самостојната изложба на србската авторка Јелена Цветковиќ – Савиќ од Ниш. Ова е прво нејзино претставување на циклусот од 20-ина дела во Скопје, а се отвора денеска во 19 часот,во Музејот на град Скопје.
Јелена Цветковиќ ја отфрла фигурацијата посветувајќи се во потполност на истражувањето на нови, асоцијативни поетики во кои предметите често се сведуваат на геометризирани површини под кои се отвораат светлосни имагинарни простори.
Изложбата ќе ја отвори в.д директор Фросина Зафировска, а ќе може да се посети до 18 декември.