Изложба на Надар во Мала станица

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија органинзираат изложба со портрети на најзначајниот француски фотограф во 19-тиот век и татко на современата фотографија, Надар. Таа ќе биде отворена во четврток (6 декември), во 20 часот, во Мала Станица.
Четириесетина најдобри портрети на францускиот фотограф со светска слава, Феликс Надар (1820-1910) ќе бидат претставени пред македонската публика во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица. Помеѓу портретите е и оној на Сара Бернар, Александар Дима, Клод Дебиси, Шарл Бодлер, Жорж Санд, Жак Офенбах, Емил Зола, Жил Верн и уште десетина големи имиња од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Изложбата е составена од 41 репродукција и ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година