Изведба на „Ревизор“ за хуманитарни цели

Велерва студентите по актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности ќе ја изведат на претставата „Ревизор“. Влезот на претставата е со донации во висина од можностите и желбата на посетителите.
Средствата што ќе се соберат ќе и бидат предадени на Снежана Караџовска, која во сообраќајна несреќа ги изгуби двете нозе над колена. Таа треба да направи операција во болницата „AOFE“ во холандскиот град Утрехт, каде што ќе добие протези и обука за кликпротези и ќе може повторно да прооди.
На влезот во салата, пред почетокот и по завршувањето на претставата, ќе биде оставена кутија, каде посетителите ќе можат да ги донираат средствата.
Тие кои не се во можност да дојдат на изведбата на претставата, а сакаат да донираат, тоа можат да го направат на телефонските броеви: 070 143-191 (Телеком) и 078 143-478 (Вип). Средства може да се уплатат и на жиро сметка: За Македонија – Снежана Караџовска Скопје, денарска жиро сметка: 300-007016373883, Комерцијална банка АД Скопје, цел на дознака-лекување во странство. За странство – Snezana Karadzovska ul. Ograzden br. 4/1-9, 1000 Skopje, IBAN MK07300307010243080, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, Komercijalna banka AD Skopje Macedonia.