Како некои ја добија наградата „13 Ноември“ ?

Кога ги прочитав наградените од Град Скопје со високата награда „13 Ноември“ веднаш си помислив дека и овие нашите комисии забегале како и нобеловците кои на Обама му дадоа награда за мир. Нема да спомнувам имиња, ама само ќе прашам како некој доби награда? Таму имаше наградени кои скоро ништо не придонеле за Скопје. Имаше една личност што освен што се гребе и служи кај властите и странците ништо не помогнала на главниот град. Одвратно е колку некои лица се болни по функции и награди. Се извинувам, што ги бербатам и оние што тоа не го заслужуваат, имаше меѓу наградените и чесни и вредни луѓе.
Јовица Р.
Почитувани,

Рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.