Ќе работам на развивање на свеста на колективното

  • Дипломирананата социјална работничка која живее во општина Карпош Марија Н. Канан ја прашуваме кои три работи би ги направиле веднаш, ако е таа градоначалник на Скопје.

    1. Развивање на свеста за колективното
    Патот до подобра хигиена во градот, според мене, води преку ригорозни казни за сите загадувачи и јас би ги вовела безусловно. Па да има санкции за непрописно фрлање смет, шут, отпад, палење на истиот, отстранување на старите неупотребливи  возила од улиците но и казни и за плукање по улица! Од тука се започнува. Мора да се работи на развивање на свеста на колективното. За повеќето луѓе, “дома” е само од вратата на нивниот дом и ништо подалеку. Тоа мора да се смени (едукација ако треба преку кампањи и сл.)

    2. Решение за проблемот со кучињата скитници
    Тоа би го решила со стационар со подобрени услови или со нешто друго – само мора што по итно да се направи нешто.

    3. Посебни пунктови за собирање стара хартија и пластика
    Вознемирува постојаното минување на импровизирани “моторчиња” или коњски коли во секое доба од денот низ населбите; освен тоа дава лоша слика. Да се направат посебни пунктови од каде ќе се собира старата хартија и пластика без да се буричка по контејнерите и да се расфрла наоколу ѓубрето. Контејнерите да добијат капаци и да не изгледаат како резервоар на зараза.