Кучиња-скитници нападнаа скопјанец

Скопјанец бил каснат од куче-скитник во нападот од неколку кучиња што се случил завчера во централното градско подрачје. Граѓанинот Е. Б. (52) бил нападнат додека се движел по булеварот „Гоце Делчев“ околу 18 часот. При нападот едно од кучињата го каснало на десната нога заради што тој морал да побара лекарска помош.