Љубовен базар во пресрет на 14-ти февруари

По повод денот на вљубените и празникот Св. Трифун, членовите на Институтот за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај младите и возрасните, Creative Macedonia, организираат базар за вљубениците во рачната изработка.
Лубовниот базар ќе се одржи во просториите на Институтот денеска и утре, а своите производи ќе ги изложат 20-ттина ракотворци. Базарот ќе биде и од хуманитарен карактер, со можност за донации за цели за кои информации ќе дадат дел од учесниците.
И двата дена иззложувањето ќе трае од 12 до 18 часот.