Може ли Вечниот оган да нема пламен?

Откако е запален во септемеври 2012 година со вечниот оган кој е дел од големиот споменик „Паднати херои за Македонија“ во паркот „Жена-борец“ постојано има проблеми. Редовно е во прашање неговото гаснење или пак трупање на отпадоци во заградениот простор околу него. За таков проблем во изминативе шест години не се најде решение иако е очигледно дека направените заштитни паноа се недоволни да го спречат гаснењето на симболот, на споменот. Надлежните досега не направија ништо да се подобри заштитата туку се оставија како и што беше на почетокот. Во меѓувреме, како оправдување добро им дојдоа и високите сметки кои почнаа да се испоставуваат за потрошениот гас и за одржување на инсталацијата кои изнесуваа околу 18.000 евра годишно. Па така, вечниот оган е повеќе изгаснат отколку што гори. Изгаснат е и сега во овој зимски период, а надлежните како да заборавија на него.

Освен тоа и целата инсталација е оставена незаштитена при што е очигледно дека ќе се оштети под дејство на временските прилики. Потоа, кога ќе треба одново да се запали, ќе се испостави дека има некој дефект кој тешко се отклонува, што ќе превизвика нов застој. До кога вака?