МПЦ што чека со црквата на улица Македонија

Добро е што во минатиот број на весникот прашавте зошто не се гради црквата во центарот на градот. Мене ми пречеше таквата состојба подолго време. На улица Македонија стои недоизграден објект, кој наместо да не радува, ја покажува нашата неспособност, незаинтересираност. Сега откако дознав дека МПЦ има огромен плац спроти ГТЦ, гледам дека всушност незаинтересираноста за изградбата на црквата била на г.г Стефан.
Произлезе дека пари имало, но не се даваат за доградба на црквата. Кај одат тогаш тие пари? Што чека МПЦ, што не ја доизгради?
Срамота е од црковни лица да се пазиме.
Јонче Андонов

Почитувани,

Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.