Не знаат и дупки да поправат

Се сеќавате ли кога градоначалниците од Скопје не повикаа да пријавуваме дупки на улиците? А они потоа ќе ги направиле. Леле, колку тоа изгледаше авангардно за нивните следбеници… сите беа среќни дека на овој начин ќе се решел големиот проблем со раскопаните улици на Скопје. И, сега после половина година што може да констатираме? Се решија ли проблемите? Не.
Но, нам муабетов ни е друг: ние од „Скопско Ехо“ пријавуваме дека и оние малкуте направени дупки се неквалитетно сработени и за кратко време пак зјаат на улиците. Пак кршиме возила во нив.
До асфалтот ли е, до мајсторите ли е? Решението е во фирмите кои ги вршат поправките, нека работат како што треба, оти е сигурно дека им плаќаме како што треба. А добро ги плаќаме и тие од администрацијата кои треба да извршат контрола.