„Оливер Твист“ во Театар за деца и младинци

Утре, на 10-ти јануари во Театарот за деца и младинци ќе се одигра претставата „Оливер Твист“. Во претставата играат: Бојан Кирковки, Трајче Ѓорѓиев, Драган Довлев, Наташа Петровиќ, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Изабела Новотни, Симона Спировска, Ненад Митевски.
Работена е според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, кој е лектира во основното образование.
Извонредната драматизација на добро познатата приказна, овојпат во стихови од страна на режисерот Срѓан Јаникијевиќ, им нуди на децата една сосема несекојдневна, нетипична и досега невидена детска претстава на нашата сцена. Жанрот на претставата е оперета.