Оливера „душо“ пак претера и со Бреговиќ го оплеска

Абе никако да ми тргне со гледање телевизија. Од вестите измеќарски побудалев, па синоќа се префрлив на емисија гледање и сега- цела вечер апчиња пијам. Еве зашто: вртам со даљинското и оп музичаро Бреговиќ у кадар – си реков ај да видам шо човекот прави, до каде е со творењето, да kаже некоја згодовштина…, ама следната секунда го снема на екрано и у гро план влезе онаа новинарката на ТВ Телма Оливера Трајковска… Прстот инстиктивно ми тргна да менувам канал, ама си реков – чак и она не може да растуре интервју со човек кој има што да кажува три дена без да престане…
И се зафркнав. Олето дал од возбуда, дал од желба да се истакне, дал од навика дека си вика у емисија третокласни „експерти“ се разгоропади и ја уништи можноста за различно интервју oд оние нејзините познати празнотии.
Бреговиќ прибрано и праќаше опоменителни погледи, па дури и млаки опаски за да ја врати во разговорот, ама на новинарката и тргна да прашува и анализира и прашува (често театрално и сакрастично) за да на крај не знае и самата што прашала. Божее, како цел живот со оној Чомовски да работела.
Музичката легенда и фраер и го цитира Аристотел, Маркс, Чомски, идејата на Исус и Мухамед, а она му враќа со Вучиќ… ејјј… среќа не го спомена Заев.
И така… цел саат. Едно време Бреговиќ и се обрати со „душо“… а дали го премолче зборот – „изгубена“ остави самите ние да толкуваме…