Отворен повикот за „Dancelab” 2019

До 15 јануари ќе биде отворен повикот за пријавување на млади кореографи, на возраст до 35 години, од целиот свет на интернационалниот повик „Dancelab 2019“. Под уметничко водство на Рисима Рисимкин, „Dancelab“ е престижен меѓународен натпревар и е дел од Танц Фест Македонија кој следната година ќе го прослави својот 15-годишен јубилеј.
За учество на натпреварот може да аплицираат кореографи со своја оригинална кореографија во времетраење од најмалку седум, а најмногу 13 минути, на слободна тема, со обработка на иновативни идеи во полето на современиот танц. Аплицирањето се врши електронски, на официјалната веб-страница на Танц Фест (www.dancefestskopje.com.mk).