Паднал од мопед и тешко се повредил

Малку се затопли времето и моторџиите излегоа на скопските улици. Но, вчера во 11.30 часот на крстосница помеѓу ул. „Архитект Никола Добровиќ” и ул. „Христо Татарчев” во Скопје, мопед „Гилера“ со скопски регистарски ознаки, управуван од триесетиосумгодишниот С.И. од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобило лицето кое управувало со мопедот. Повредениот бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.