Пет „експерти“ и двајца директори се главни на ТВ

Вестите на Телма, Канал 5, Сител, 1ТВ и 24 Вести не можат да бидат помонотони. Не можат да бидат и попредвидливи. Вака ми рече баба ми кога побарав да ми објасни зошто ги гледа секоја вечер. И јас останав со подзината уста. Ем и се досадни, ем ги гледа. Ама се ми стана појасно кога ми дообјасни дека толку се навикнала на турските серии, што и серијалот – вести, го гледа со ист жар. И помагале да се одмори и задреме. Вели, тоа пет-шесте „експерти“, што се чести ко турска серија, знам однапред шо ќе кажат, па ми е забавно да гледам во шо се облечени, дали се тазе шишани и така…
А стварно е така во врска со експертската инвазија во вестите. Она не ми ги спомена само уште двајцата директори на две телевизии кои се главни аналитичари у својте вести. Секогаш кога е најсудбоносно за сите нас, ете ти ги у студио – некој уредник е клекнат пред нив и као анализираат шо е добро за Македонија.
Да ви кажам право и ја ги гледам чат-пат, оти нема веќе често хумористучни серии на телевизија. Онаа „Преспав“ стана јадна, па пуштам „експертите“ да ме забавуват. Е, признавам, некогаш ме нервират, ама затоа даљинското го држам цело време у рака.