Пет работи кои мора да му се случат на Скопје во 2019-та година!

Годината што изминува не донесе решение за речиси ниту еден од големите проблеми што ги има Скопје. Напротив, некои од нив станаа уште потешки. Поради тоа, средувањето на напластените проблеми мора да добијат приоритет во годината што претстои, а која ќе биде втора година од мандатот на новоизбраните градско и општински раководства. Се виде дека изборните ветувања за брзо решавање на проблемите биле лесно давани и дека тие малку се спроведуваат. Ова значи дека во 2019-та година градоначалниците и сите градски служби треба да ги засукаат ракавите за да проблемите бидат решавани за доброто на граѓаните. „Скопско ехо“ во разговор со скопјани дојде до сознание кои се петте приоритети што мора да бидат решени или барем сериозно да бидат започнати нивните решенија, во наредните дванаесет месеци.

1. Сериозна битка за повеќе кислород во градот
2. Стоп за урбанистичкото насилство и планирање по мерка на граѓаните
3. Криминалот и насилството да се протераат од градот
4. Скопјани да стекнат градски навики
5. Проширување и градење на нови сообраќајници
Скопјани низ разговорите, секогаш ја нагласуваа потребата-градоначалниците помалку да излегуваат со соопштенија и пропаганда, а многу повеќе да излегуваат на терен и да работат. Тие ги наведуваа и следниве приоритети како важни за подобрување на живото во Скопје:
– Решавањето на проблемот со кучињата-скитници
– Поголемо ангажирање на градската администрација
– Ѓубрето да го снема од улиците и парковите
– Стоп за зголемувањето на градот
– Подобрено решение за јавен превоз