Пожарот во Македонија не е за на телевизија

Неделава што помина пак гледав вести, ме натераа од редакцијата „Скопско Ехо“. Морало да пишувам за тоа како нашите телевизии го гледаат светот и Македонија. А си знаев однапред што ме чека, но ај да не им кршам концепција, седнав и гледав. Одма да кажам, побеќе имаше за некакви си пожари во Америка отколку за се друго што се случува во Македонија. Освен, за вестите околу бегството на Груевски. Тој, беше на таргет, и во вести, и во специјални емисии, и беше на сите телевизии. И така, тие две вести ја одбележаа неделата на нашите телевизии. А во Македонија имаше протести пред Собрание, имаше загадување, имаше нов буџет, имаше криминал… но го даваа во некое ќошенце, но неколку секунди и пременуваа на временска прогноза. За пожарот што одамна ја зафана Македонија и нејзиниот Устав и име… најверојатно уредниците чекаат да се самоизгасне , се да пеплоса, па ќе прават тогаш специјални емисии.