Прескапи се паркинзите, а за некои моето семејство плаќало

Паркирањето го направија прескапо во центарот на Скопје. Не прифаќам објаснувања дека така е секаде во светот ако сакаш да се паркираш во центарот на голем град. Во светот има и поголеми плати и одамна е капитализам. Моето семејство сосе мене издвојувало многу пари за некои паркинзи кои сега се наплаќаат и затоа не прифаќам да ме крадат уште еднаш. Партиски војници си вработија по паркинг фирмите, а јас не можам да дојдам до центар од мој Бутел без да лупнам најмалку 120 денари. Не земам плата од 40.000 денари и затоа не го можам тоа. На крај излегува дека јас од мојот град сум осуден да не одам во центар со кола иако некогаш имам потреба од тоа. Тоа ли е рамноправност?
Градоначалниците нека помислат на овој проблем кој го имаме. Не ги бирав за да ме дополнително осиромашуваат.
И да додам уште нешто, секаде се садат дрва, само во Бутел јас такво нешто не видов. Ние не сме важи изгледа.
Орце Ф.

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.