Промоција на „Подвижници“ во Дом на градежници

„Подвижници“ е насловот на книгата на Вера Стојчевска Антиќ што ќе биде промовирана вечерва во домот на градежните работници во Скопје. Во неа се опфатени современите ктитори и донатори на македонски цркви и манастири.
Промотор на книгата, која говори за зголемувањето на бројот на македонски цркви и манастири особено по осамостојувањето на земјава, ќе биде проф. д-р Цане Мојаноски.