Протестот пред парламентот продолжува, Скопје осамна со транспаренти за одбрана на името

Неколкудневниот протест против уставните измени пред парламентот продолжува и денеска. Граѓаните бараат категорично стопирање на уставните промени со кои ќе се изврши предавство на татковината – како што велат, во оваа трета и последна фаза од спроведувањето на договорот со Грција. Објаснуваат дека протестираат заради одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против „најголемото национално предавство“.

Синоќа, на повеќе локации низ Скопје биле поставени транспаренти со натпис „Едно име имаме – Македонија“. Со ова граѓаните им ја испраќаат својата јасна порака на пратениците.

Дел од транспарентните се поставени на надвозниците во градот, а фотографии од тоа масовно се вртат на фејсбук.