„Република Македонија“ збришана скришум од владината зграда, преку ноќ

Во текот на ноќта збришано е името „Република Македонија“ од зградата на Владата. Изутрината буквите со кои беше испишано „Влада на Република Македонија“ ги немаше на белата зграда на „Илинденска“.
Во очекување на новото наметнато име „Република Северна Македонија“ службите одлучиле без чекање, додека Скопје спие, да ги извадат досегашните букви.
– И буквите ли ќе ги стават во депо до оградата. Зошто се криеја од овој чин, нели тоа народот го сакаше, се првичните реакции на скопјани.
Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика Република Северна Македонија.