Скопје е пак во првите 10 најзагадени градови во светот

Главниот град повторно се најде во првите десет најзагадени во светот според страницата air visual. Според апликацијата „Мој воздух“ пак, во Карпош денеска се измерени 71 ПМ честички на 100 микограми, во Миладиновци 57 ПМ, во Центар под 50 ПМ.
Првата позиција на најзагаден град во светот е Делхи во Индија, втор е Лахоре во Пакистан, а трет е Калкута во Индија. На четвртот место е Дака во Бангладеш, додека петто-рангиран е Улан Батор во Монголија.