„Светско поетско движење“ во „Котур“

Во 20.30 часот, вечерва во кафулето „Котур“, ќе се одржи поетско читање за да се одбележи „Светското поетско движење“. Главната цел на поетското читање е креирање на свет ослободен од секаква дискриминација меѓу луѓето поради нивната боја, национална или верска припадност, род, социјална положба и верувања.
Во исто време, односно во текот на февруари низ повеќе од 120 земји во светот се одржуваат поетски читања, настани, поетски акции сплотени со танц, музика и театар. Македонија како учесник во ова движење вечерва организира поетско читање на кое ќе учествуваат поетите: Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Јулијана Величковска, Јосип Коцев, Исток Ј. Улчар и Наташа Сарџоска (модераторка).