Уште ова ни фали- пратениците да расправаaт за загадување, и во Устав ќе го стават

Загадувањето во Скопје не притиска засилено. Најповикуваните институции упорно не уверуваат дека бараат решение и дека нудат мерки. Работат ли вистински или се е некако недоречено?
Ама еве, сега во барањето на решение како да се намали опасното отровно загадување во метрополава се вклучи и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ е решена на прашањето на аерозагадувањето да му даде и највисок третман. Таа вчера побара да се одржи и јавна дебата во парламентарната комисија за транспорт, врски и животна срдедина за да се понудат решенија за неговото намалување. На расправата ќе биле повикани граѓанските и еколошките здруженија, како и експерти.
– Парламентарците само ќе ја искомплицираат ситуацијата. Ќе се испокараат и толку ќе остане од мерките за загадување. Нека не се отвара темава таму, ни посочи скопјанец на нашата ФБ страница.
Инаку, претходно ВМРО-ДПМНЕ даде и неколку свои предлози како да се реши овој тежок проблем на Скопје. Па, така, предложи итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електирчни автомобили и печки на пелети, субвенции за сметките за струја на социјално загрозени семејства, забрана на употреба на петрол и кокс…
Случајно или не, Град Скопје не остана покусо, па и таа сака расправа за загадувањето. Закажа работилница на тема „Загадувањето на воздухот во Скопје – факти, причини, акции“. Кој знае, можеби и таа ќе биде поттик и пратениците да почнат да се занимаваат со аерозагадувањето откако пропуштија цела година да донесат дел од законските мерки со кои тоа би се ублажило. Како на пример, налепници за одредени категории на возилата која како мерка дури сега, задоцнето, беше понудена а, се чини, уште побрзо ќе биде повлечена. Но, простор за нови и ургентни мерки секогаш има.
Ама кога кај нас во последно време ќе се спомене ургентност во парламентот, веднаш се помислува на отворање и менување на државниот Устав. И што ако сега во сето брзање и аерозагадување го стават во преамбулата?
Затоа, пратениците нека не дебатираат, нека одморат. Прашање е колку требаaт и некакви си работилници во Град Скопје. Другите институции треба вистински да засукаат ракави, а тоа никој до сега не го спомена.

Кога се опозиција знаат се, ама кога се власт…
– Кога се опозиција сите знаат како треба, но кога се на власт се сосема збунети или незаинтересирани или недоволно активни околу загадувањето во Скопје кое ни се слушува секоја зима. Тоа е главниот проблем на нас ќителите на главниот град на Македонија, стоеше во реакцијата на скопјанецот која ни ја испратил на ФБ.