Власта нека не се однесува како да е се нормално во Македонија

Лудилото во Македонија е многу присутно. На тоа најмногу му царуваат оние што се власт. Го сменија името на државата, ја згаснаа Македонија и сега министрите се однесуваат како да е се нормално, како да не е нанесен удар на македонскиот народ. Насмеани се, весели, кобајаги донеле 5 милијарди евра инвестиции или како да сме во десетте најразвиени земји во светот. Мизерно е така да ни глумат ширење на оптимизам. Единствено е оправдиво така што се однесуваат фактот дека им олесна бидејќи успеаја да си ја завршат поставената задача од Брисел и Вашингтон. Затоа Заев и отиде да скија, ослободен од обврски. Тоа што Македонскиот народ пати и е понижен, нив изгледа не им е важно и плус не малтретираат со безвезни прес конференции дека само што не ни тргнало, да сме биле трпеливи. Нека работат вистински за Македонија и нека не не понижуваат однесувајќи се кон нас како кон малоумни. Знаеме ние што тоа направија за земјата.
Гордана К.
Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.