„Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“ во Младински културен центар

Од 8 до 24 февруари, Галеријата на Македонскиот културен центар ја организира изложбата „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“.
Изложбата е сегмент од научноистражувачкиот проект „Загрозен модернизам“, насочен кон препознавање, проучување, вреднување и промоција на архитектонското наследство од периодот на Модерната на територијата на Република Македонија. Автори на истражувањето и изложбата се: доц. д-р Ана Ивановска Дескова, доц. д-р Горан Мицковски, вонр. проф. д-р Елизабета Касапова и вонр. проф. д-р Јован Ивановски.
Целта на истражувачкиот проект е повеќезначна. На документарно ниво, да пронајде и собере значаен историски материјал во форма на проектна документација, цртежи, фотографии итн.; на научноистражувачко ниво, користејќи се со проверени методи и постапки да изврши вреднување на избрани примери на архитектонското наследство и да ги утврди главните фактори, кои довеле до нивно загрозување.