Зарем невакцинираните деца треба да носат жолта лента на раката?

Дарко ЃОРЃИЕВ, граѓански активист кој учествуваше на неодамнешние протести против владините мерки со кои се забрани згрижување на невакцинирани деца во градинките, го прашуваме зошто се спорни ваквите забрани.

Зошто сметате дека вашите аргументи се издржани кога се работи за одбивањето да се примаат вакцините?

– Прашањето е несоодветно, за жал е резултат на перцепција која е изманипулирана. Ние не сме адвокати против вакцинацијата, исто како што не сме ниту адвокати за вакцинацијата. Тоа го сметаме за прашање на личен избор, онака како што е во сиот цивилизиран свет. Ние се бориме државните органи да почнат да ги почитуваат законите и да не ја репресираат слободата на избор преку незаконски постапки.

Мојот личен избор за невакцинирањето сум го темелел на свои лични животни искуства и когнитивен капацитет. Сметам дека личните избори не смеат да бидат ставани под сомнение, особено на родителите кои имаат животен интерес да се грижат и да го избираат најдоброто за своите деца, макар какво и да било тоа кога се работи за превентивна медицинска интервенција.

Државните органи тврдат дека не се прави дискриминација, дека мерките се законски донесени и дека таа има право на тоа…

– Тоа е обична лага и не очекувам да ја признаат, како што не признаа за ниедна лага кога досега ја кажаа и направија. Ние поднесовме преставки до Народниот Правобранител и до Комисијата за заштита од дискриминација. Напоредно се изготвува колективна тужба од родителите со која ќе се бара правна сатисфакција од санционирање на надлежните кои застанале зад ова дискриминаторско решение како и материјална надмест за денгуба, нарушен углед и душевна болка. Се врши дискриминација врз основа на здравствен статус, изричито споменато во законот за заштита од дискриминација. Се прекршува уставното право на слободата на уверувањето, се прекршуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот, децата се изложуваат на неправеден и деградирачки однос во споредба со други лица заради вакцинален статус а што е дискриминација која е забранета.

Освен ова, во Законот за заштита на населението од заразни болести нема мерка за ограничување на достап на социјални услуги на невкцинирани за време на епидемија

Како треба да се решава проблемот околу заедничкиот престој на вакцинирани и невакцинирани деца во градинките и во училиштата?

– Таков проблем, не постои, и не смее да постои. Оттука нема ни што да се решава. Зарем некои од нив треба да носат жолта лента на левата рака? Зошто би изолирале здрави деца? Тоа е неетичко, неморално, и противзаконско. Тоа е сегрегација.

Link za fotos> https://sitel.com.mk/zadolzhitelni-vakcini-no-i-zadolzhitelno-obrazovanie-kako-zdravstvo-kje-gi-natera-roditelite-da-gi