Во СЦ „Борис Трајковски“ се одржува силен меѓународен таеквондо турнир „Скопје Опен – Рамус Г1“, кој носи и олимписки норми.
Турнирот го отвори премиерот Христијан Мицковски, заедно и со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, во присуство на високи гости и претставници од спортскиот и јавниот живот.
На турнирот ќе настапат околу 1.000 натпреварувачи од повеќе од 40 земји, вклучувајќи ја и светската таеквондо елита, која ќе донесе врвен квалитет, атрактивни борби и вистинска демонстрација на врвниот олимписки спорт.
Турнирот е во организација на Таеквондо клуб Бутел и Македонската таеквондо федерација. Станува збор за турнир од олимписка класа (Г1), кој носи значајни бодови за пласман на Олимписките игри и претставува дел од официјалниот календар на Светската таеквондо федерација.
Ова најголемиот меѓународен таеквондо турнир организиран во нашата држава во последните 10 години.






