1.068 граѓани ќе платат казна по 20 евра за неносење маски

Вкупно 1.068 граѓани во изминатово деноноќите направиле прекршок со неносење на заштитна маска, соопшти денеска МВР. Казна за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност. И во изминативе денови бројот на казнети граѓани за ова заштитно средство изнесуваше околу илјада.

Во информaцијата се наведува дека при контролите е утврдено дека едно лице на ја почитувало мерката за самоизолација.

-На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација, се наведува во информацијата.

Претходна вестПрва театарска премиера на интернет-претстава на „Wonderland Theatre“
Следна вестПроменливо облачно, попладне нестабилно со можен пороен дожд