1.720 пациенти се лекуваат во ковид-центрите низ Македонија

Пандемијата е во замав. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ Македонија е 1.720.

Од министерството за здравство информираат дека има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Само во Скопје, во последните 24 часа, хоспитализирани се 50 нови пациенти поради компликации од вирусот, а дома се пуштени 36 оздравени пациенти. Вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не бил примен нов болен, а 6 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Вкупно 1.021 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат во другите градови во државата.

Претходна вестИ црвената и сината партија ни подметнуваат „судбина“ со соседот
Следна вестЈа сардисаа галијата кај „Холидеј ин“, долго делуваше запуштено…