105 новозаразени од Ковид – 19, 491 активен случај

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје – 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции. Регистрирани се 49 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес – по 3, Тетово – 2, Куманово, Охрид и Неготино – по 1.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.

Претходна вестМФ апелира да се усвои предлогот со кој обложувалниците ќе бидат 500 метри оддалечени од училиштата
Следна вест Специјалци од „Тигри“, нуркачи… го бараат исчезнатиот возач кај Желино