108 нови случаи на Ковид – 19, нема починати

Од направени 1411 тестови регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерство за здравство за анализите во изминатово деноноќие. Од нив во Скопје се  70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар, Кичево и Неготино – по 2, Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 8 реинфекции.

-Регистрирани се 77 оздравени пациенти од: Скопје – 56, Битола – 7,Прилеп – 4, Гостивар, Берово и Кичево – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Кочани и Ресен – по 1, се наведува во соопштението.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.

Претходна вестКовачевски: Не сум портпарол на Талат Џафери
Следна вестСе огласи Собранието: Деловникот му дозволува на претседателот да ги затвори вратите на салата