108 новозаболени од Ковид–19, 540 активни случаеви

Од направени 723 тестови регистрирани се 108 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани се 88 оздравени пациенти од: Скопје – 79, Битола – 5, Прилеп – 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.

Претходна вестОсмани и Маричиќ за сопствената одговорност: Прашањето на успех е релативно и зависи што значи успех
Следна вестНабавил дрога па му ја дал на својот брат да ја конзумира