Темен режим Режим на светлина

108 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, десет мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, три мерки за користење на мобилен телефон при возење.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Променливо облачно, претпладне локален дожд

Следна објава

Елфет Исмаили нова заменик-министерка за одбрана