1085 лица се лекуваат во ковид центрите во Земјава, во Скопје во последното деноноќие има 22 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 468 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1085 и има околу 757 празни болнички кревети.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 4 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 177 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.

Вкупно 468 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 79 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 55, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 6 лица.

Претходна вестНово олеснување на рестриктивните мерки во Словенија
Следна вестКризниот штаб предлага полицискиот час да почнува од 23 часот, угостителските објекти да работат до 22 и 30 часот