Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки против возачите кои направиле одреден вид на прекршок, соопшти денеска МВР.
-Меѓу нив 23 се за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 7 за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 11 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.