Загина мотоциклист во кочанско

Рано утрово 67-годишен возач на моторцикл загина на патот кон манастирот „Света Богородица“ кај кочанското село Чифлик, соопшти полицијата.

МВР наведува дека на 28.08.2022 во 05,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот од с.Чифлик кон манастир „Св.Богородица“ моторцикл „томос“, управуван од Б.С.(67) од с.Чифлик, кочанско излетал надвор од патот.

-Во несреќата на место на настанот починал Б.С. Од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани, се наведува во информацијата.

Претходна вестБујар Османи во Голо Брдо: Обезбедуваме поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на Македонците во Албанија
Следна вестДве жени искасани од бездомни кучиња во Скопје